Асоцијацијата зa е-трговија ја претстави годишната програма за 2021 година, во која се дава посебен фокус на сивата економија во е-трговија. Од Асоцијацијата велат дека сите активности кои ги преземаат се резултат на анализи и следење на потребите на пазарот, во насока на отстранување на бариерите кои стојат на патот на развојот и креирање на поволна клима за забрзан раст на е-трговијата.
Согласно Анализите на е-трговијата во 2018 и 2020 година, една од бариерите посочена од е-трговците е сивата економија, која креира нелојална конкуренција за регистраните бизниси. Загрижувачки се и сознанијата од спроведениот прашалник на 2.800 купувачи, од кои над 70% се изјасниле дека иако се свесни дека се дел од сивата економија кога прават нарачки од нерегистирани субјекти на социјални медиуми, сепак решаваат и понатаму да го прават тоа, што говори и за нискиот даночен морал на населението, кој е клучен фактор за сузбивање на сивата економија. Затоа, во 2021 година АЕТМ става посебен фокус на активности насочени кон намалување на сивата економија во е-трговија, вели Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата.
Во првиот квартал од годината АЕТМ го објави првиот регистар за е-трговци и објави едукативно видео за последиците од сивата економија. Следната иницијатива е организацијата на првиот хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија насловен „Хакирај ја сивата економија во е-трговија” кој ќе се одржи виртуелно од 14 до 16 мај. Истиот е поделен на две категории “Едуцирај и мотивирај“ и “Детектирај и сузбиј“. Студентите кои ќе бидат дел од хакатонот ќе имаат задача во текот на 48 часа да развијат иновативни решенија за намалување на сивата економија – одговарајќи на една од двете категории, со што преку категоријата „Едуцирај и мотивирај” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за подигнување на свеста за сивата економија и ќе мотивираат за нејзино избегнување, а преку категоријата „Детектирај и сузбиј” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за детектирање на сивата економија во е-трговијата и ќе делуваат корективно, преку вклучување на самите граѓани и е-купувачи. Бројот на студентите кои може да учествуваат на хакатонот е ограничен на 50 студенти од овие факултети, кои со помош на врвни експерти од домашни компании и државни институции во улога на ментори на хакатонот, ќе развијат иновативни и практични решенија за борба против сивата економија во е-трговијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.