Македонија

Голема наградна игра на „Кит-Го“ - три автомобили во три извлекувања

15 Apr 2021

Трговскиот синџир „Кит-Го“ подготви изненадување за своите потрошувачи кои пазарат во маркетите „Супер Кит-Го“, „Кит-Го“ и „Тера“. Голема наградна игра со многубројни награди кои ќе бидат извлечени во три циклуси.

Три автомобили Шкода Fabia, девет инвертер клима уреди, и по исто толку LED smart телевизори, лаптопи, таблети, велосипеди и 90 вредносни ваучери од 3.000 денари е вкупниот награден фонд на наградната игра „Во Супер КИТ-ГО, КИТ-ГО и ТЕРА сметки прави и Шкода Fabia ќари!”.

 Наградната игра почнува денеска, а ќе трае до 25 август.  Ќе се одвива во три циклуси на извлекување и наградување, секое со еднаков награден фонд.

Годините наназад со потрошувачите создадовме цврсти релации базирани врз квалитетна услуга и оправдана доверба. Во духот на оваа взаемна лојалност е и наградната игра, и затоа е конципирана едноставно и лесно, за секој да учествува и да добие можност за некоја од бројните вредни награди, велат од „Кит-Го“ од Штип.

За учество во наградната игра потребно е да се соберат 3 купони со вредност над 500 денари и да се залепат на летокот што се добива на каса во некој од маркетите „Супер Кит-Г“, „Кит-Го“ и „Тера“. Летокот пополнет со 3 купони и со личните податоци, се остава во означените кутии во некој од маркетите.

Наградните извлекувања ќе се одвиваат во три циклуси и ќе бидат емитувани на национална телевизија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...