Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот од 12 до 15 април учествува на онлајн Конференцијата „Размислувај глобално 2021“ на Меѓународниот трговски совет (ИТЦ).
Конференцијата трае од 12 до 15 април.
На виртуелнот штанд на Агенцијата се одвиваат презентации и состаноци со заинтересираните посетители. Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот информираат дека до сега најголем интерес е покажан за ИКТ секторот и за прехранбената индустрија. На првиот ден, односно на „Денот на странски директни инвестиции“, почесен говорник беше Дејан Павлески, директор на Агенцијата. Неговата онлајн презентација беше на тема „Можности за инвестирање и трговија“, по што следуваа директни вклучувања со прашања и интерес за инвестирање, како и за извозниот потенцијал. Агенцијата покрај со презентацијата на директорот за цело времетраење на настанот ќе биде присутна и со виртуелен штанд со можности за презентации и состаноци во реално време, онлајн. Исто така присутни на настанот се и бројни наши, домашни, извозно ориентирани компании, наведуваат од Агенцијата.
Конференцијата „Размислувај глобално 2021“ е најголемиот настан во светот за извозно ориентираните компании. Со 23.000 учесници на Ц ниво, кои доаѓаат од 79 земји, овој форум претставува едукативна и мрежна платформа каде што учесниците можат да се запознаат со новите трендови, размена на идеи, справување со предизвиците со кои се соочуваат како и можност за потенцијално да се сретнат со нивниот следен инвеститор, снабдувач или клиент. На Глобалната конференција се присутни компании од сите големини – од компании од Fortune 500 и средни компании до мали претпријатија и стартапи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.