Македонија

„Веро“ ја стартува услугата Vero Drive

09 апр 2021

Асортиманот производи на маркетите „Веро“, отсега е достапен и за онлајн-нарачки во Скопје преку услугата Vero Drive.

Како што информираат од компанијата, со посета на интернет-страницата потрошувачите имаат можност во кое било време да ги нарачаат потребните производи, бидејќи опцијата е достапна 24 часа и 7 дена во неделата. Заинтересираните купувачи можат да одберат дали сакаат избраните производи да им бидат доставени до домот или да ги преземат од пунктот во „Веро центар“. Плаќањето се врши при достава или подигнување на нарачката во готово или со картичка.

Следејќи ги барањата и потребите на потрошувачите, одлучивме да им излеземе во пресрет и да им ја овозможиме оваа опција, со која на брз, практичен и безбеден начин можат да ги набават потребните производи, истакнуваат од менаџментот на „Веро“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...