Македонија

Законски измени за зголемување на К-15

08 Apr 2021

Владата вчера, на 64. Седница, го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, со кој се одредуваат непризнаените расходи.

Со тоа, според Владата, се создава можност за зголемување на износот за регрес за годишен одмор, познат како К-15, кој ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19.

За олеснување на работата на компаниите во услови на пандемија, со предложените измени и дополнувања се предлага како признаен расход да се признаваат и платените лабораториски тестови за Ковид-19 што ги прават компаниите за вработените.

Со измените се овозможува и покривање на загубите без обврска тие претходно да бидат покриени во согласност Законот за трговските друштва и се пропишува рок во кој Управата за јавни приходи е должна да издаде согласност по однос на барање за признавање како расход на амортизацијата на преостаната сегашна вредност на средствата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...