Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија бизнисмените да се стават на приоритетна листа за вакцинирање.
Помина повеќе од 1 година откако нашата земја влезе во списокот на земји погодени од вирусот Ковид 19, и оттогаш беше подложена на создадените околности кои подоцна беа проследени со социо-економска криза. Вчерашната одлука за продолжување на полицискиот час и затворање на некои деловни сектори е доказ за кризата во која се наоѓаме и за големите последици што ја очекуваат економијата на земјата. Со оглед на сензитивноста на домашната економија, нејзината зависност од странските пазари, се јавуваат многу проблеми во економијата, со посебен акцент на конкурентноста на домашните компании, па затоа колективната имунизација е првиот чекор кон посигурен излез од оваа криза. СКСЗМ смета дека во приоритетните категории за вакцинирање треба да се вклучат и бизнисите, како столб на општеството и економијата во земјата, кои го претставуваат мнозинството на вработени и придонесуваат за економската и финансиската стабилност на државата, соопштија од Комората.
Со цел да се ублажат ефектите од кризата врз економијата на земјата, СКСЗМ апелира до владините институции:
-Да се дадат јасни инструкции за движење за време на продолжениот полициски час, за вработените кои работат во смени;
- Да се обезбеди значителен број на анти-ковид вакцини за сите возрасни групи;
- Градење на капацитети за имунизација со цел да се овозможи побрз излез од кризата;
-Реализација на најмалку 80% од капиталните инвестиции, со посебен акцент на инфраструктурните проекти кои ќе ја ревитализираат внатрешната економија на земјата;
-Да не се блокира носењето на петтиот пакет мерки, со цел да се помогнат компаниите, особено во овој период на затворање на некои сектори и продолжувањето на полицискиот час.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.