Македонија

МАРУКО прославува 16-годишнина

25 Mar 2021

Пред точно 16 години на денешен ден (25 март 2005 година) пред пошироката македонската јавност беше промовирана Македонска-руска стопанска комора (МАРУКО), во рамките на третата седница на Меѓувладината комисија за трговско економска и научно техничка соработка.

Една година претходно, група од неколку сопственици на компании што соработувале или имале визија за соработка со Русија, користејќи го моментот на коморски плурализам и растечкиот тренд на создавање мешовити комори, ја создадоа оваа деловна асоцијација.

По 16 години постоење МАРУКО дејствува во нови услови во кои се најде земјава, без да го запре развојот. Приближувањето до ЕУ и членството во НАТО не се и во иднина не треба да бидат пречки за изградба на економски односи со партнери од Руската Федерација, ниту пак за привлекување руски капитал во земјава. Такви примери веќе постојат и доволно е само да ги наброиме земјите од нашата поблиска околина, како што се Словенија, Турција, Бугарија, Унгарија, Грција и др., сите членки на ЕУ и НАТО, а истовремено и со одлична економска соработка со Руската Федерација, - вели м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руска стопанска комора.

Тој додава дека во услови на светска пандемија, минатогодишната размена на С. Македонија со Руската Федерација е една од светлите точки во трговијата на земјава на странските пазари. Македонските компании на рускиот пазар пласирале стоки во вредност од 60,3 милиони американски долари, што е за 8 милиони долари повеќе отколку во 2019 година. Порастот изнесува 15,8 отсто, во услови кога македонскиот извоз на светските пазари бележи значајно послаби резултати во 2020 година отколу една година пред тоа. Вкупната трговија на македонските и руските компании во 2020 година достигнала до 207,75 милиони американски долари (194,5 милиони долари во 2019 година),  што е пораст од 6,8 отсто во споредба на претходната година. Руската Федерације е 18-от трговски партнер С. Македонија.

Овие резултати во размената меѓу компаниите од двете земји, несомнено, се должат во голем дел на активноста на МАРУКО, која е мост и  незаобиколна точка  за стопанско поврзување. Личен предизвик  ми е да ги достигнеме бројките од пред точно две децении, кога вкупната размена изнесуваше околу 1 милијарда долари, но со баланс на двете страни, нагласува претседателот на комората Ѓорѓи Дика.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...