Владата на утрешната седница треба да го разгледа барањето за воведување полициски час на територијата на целата држава.
Mинистерот за здравство Венко Филипче, на предлог на Комисијата, му предложил на Главниот координативен кризен штаб на Владата воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територијата на целата држава, заради спречување на ширењето на коронавирусот, информира Министерството за здравство.
Комисијата дополнително ќе се произнесе кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае.
Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект, соопштија од Министерството за здравство.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.