Македонија

Претставен петтиот пакет мерки, 160 милиони евра за граѓаните и за компаниите

16 Feb 2021

Вкупно 160 милиони евра тежи петтиот пакет на економски мерки на Владата. Ќе се помогнат сите сектори погодени од пандемијата преку 29 мерки. 91,7 милиони евра од вредноста на пакетот се директни буџетски пари, информира денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев.

Овој пакет на мерки се продолжување на пертходните пакет мерки и треба да овозможи раст на економијата и враќање на патеките остварени во 2019 година со раст од  4 – 5 проценти, односно на динамиката на раст што ја имавме пред пандемијата – рече Заев.

Мерките се распределени во распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓанитесе опфатени сите сектори кои беа погодени од пандемијата.Компаниите ќе можат да одбера дали ќе земат субвенции за плата или кредити за развој, кредити преку развојната банка, а ќе бидат помогнати и занаетчиите, спортистите, тутунарите и граѓаните кои имаат долгови кон јавните претпријатија.

Заев рече дека и здравствените работници кои беа заборавени во претходните мерки ќе добијат субвенции, како и компаниите кои должат кон државата, како и лозарите.

Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат К-15 во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40 проценти од просекот на трите последни објавени републички плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.

Заев рече дека мерките ќе се користат до крајот на 2021 година за да имаат ефект врз економијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...