Македонија

Бароли заминува, „Орбико“ – Македонија ќе има нов директор

10 Feb 2021

Од позицијата генерален директор на „Орбико“ - Македонија заминува Никола Бароли, а на негово место доаѓа Станислав Бојаџиев.

По четири години работење во Македонија на позицијата генерален директор на „Орбико“ – Македонија, а во изминатата година и генерален директор за Косово и Албанија, Никола Бароли ја презема одговорноста за пазарите Србија и Црна Гора во „Орбико“ – Србија.

Од 2017 година кога дојдов во Македонија, „Орбико“ бележи константен пораст во работењето, како со веќе постојните брендови, така и со новите принципали: „СЦ Џонсон“, „Бонукс“, „Леона“ и „Ликамобиле“. Во текот на 4 годишното работење остваривме и значителен пораст во работењето во сегментот за убавина каде отворивме монобренд продавница MAC во „Сити мол“ како и една од најлуксузните селективни парфимерии во регионот „Анабела“ во „Мериот“, изјави Бароли за InStore.

Тој додаде дека минатата година беше исклучително полна со предизвици, но дека успеале да ги остварат плановите. Некои од нив ќе продолжат со реализација.

Никола Бароли

На прашањето што мисли за FMCG-секторот во Македонија Бароли истакна дека е сведок на значителен развој во поглед на отворањето на нови модерни објекти. Еден сегмен кој не мачи нас дистрибутерите е наплатата, бидејќи финансиската дисциплина во земјата е на доста ниско ниво и според мене тоа треба да биде фокус на сите учесници во синџирот на снабдување, додаде Бароли.

На неговата позиција, генерален директор за Македонија, Албанија и Косово од 1 март доаѓа Станислав Бојаџиев. Тој има повеќе од 25 години искуство во продажба, а последните 17 години ги поминува во „Орбико“ – Бугарија. Кариерата во „Орбико“ ја почнува во 2004 година како претставник за продажба во девизијата П&Г. Во 2012 година го презема управувањето со новата дивизија „Марс“, и наредните три години ќе бидат најуспешните за „Марс“ во Бугарија. Од 2020 година ја презема позицијата менаџер за синџирот за снабдување и под-дистрибутери.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...