Германски цариници во Штутгарт заплениле околу 600 килограми сушени производи од месо кои немале задолжителни ветеринарни сертификати. Месото кое било спакувано во патни торби е пронајдено при претрес на два автобуса кои пристигнале од земји на Западен Балкан.
Шверцерите кои се обиделе да го внeсат месото во Германија се казнети за внесување храна без дозвола. Тие, исто така, ќе треба да ги платат сите трошоци, вклучително и уништувањето на тие добра.
Целта на забраната за увоз на храна без потврда е да се спречи ширењето на опасни животински болести, како што е африканската свинска чума, изјави портпаролот на Главната царинска испостава, Томас Семан.
Инаку, царината на аеродромот во Штутгарт запленува повеќе од четири тони храна секоја година, кои шверцерите се обидуваат да ги увезат во Германија без дозвола и без потврда.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.