Македонија

ССК бара протоколи и постојана помош за спас на угостителството

28 Jan 2021

Протоколи за работа и за рестораните за прослави и ноќните клубови, како и продолжување на финансиската помош – се главните барања на угостителите при Сојузот на стопански комори(ССК). 

Велат дека секторот се наоѓа во тешка состојба, а повторно е оставен без никаква помош - па прашање на недели е кога угостителските објекти ќе почнат да ставаат клуч на врата.

Рестораните за прослави и клубовите кои се затворени повеќе од 300 денови и за кои се уште нема никаков протокол за работа. Поради оваа состојба не само што сега не може да се реализираат деловни активности, туку не може да се прават и планови и проекции за наредниот период. Поради целокупната ситуација станува прашање на недели кога ќе почнат да згаснуваат угостителски објекти поради наталожените долгови, а со тоа ќе се зголемува и бројот на оние кои ќе останат без егзистенција, истакна Мартин Ангеловски од ССК

Тврдат дека само мал број од фирмите добиле помош од изминатите пакети, апелираат до Владата петтиот пакет да биде донесен што поскоро и помошта да важи од месец јануари, во спротивно велат на секторот му се заканува колапс.

Угостителите в петок ќе се сретнат со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На маса ќе се најдат мерките помош кои ќе бидат упатени кон секторот, како и работното време кое сега е ограничено до 21 часот. Очекуваат надлежните да имаат слух за нивните барања.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...