Македонија

Уште 24.000 граѓани ќе добијат по 6.000 денари

22 јан 2021

По 6.000 денари помош од Владата ќе добијат уште 24.000 граѓани, кои не успеаја да ги земат пред Нова година. Владата сега носи закон со кој рокот за исплата на овие средства се продолжува до крајот на март.

Околу 22.000 граѓани се оние кои не успеаја навреме да ги ажурираат податоците, а околу 2.000 корисници се оние на кои им беа уважени приговорите. Нив од државната каса вкупно ќе им бидат исплатени нешто над 2,3 милиони евра.

Помошта е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Оваа мерка беше дел од четвртиот сет од владините економски пакети.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Февруари бил поскап од истиот месец лани

04 мар 2021

Работодавачите за недела како неработен ден: Можни се отпуштања

04 мар 2021

Комисијата за заразни болести предложи полициски час

04 мар 2021

Бесими најави нов Даночен календар и Царински тарифник

04 мар 2021

Превозници заглавени на границата со Грција

04 мар 2021

„Алкалоид“ ќе исплаќа дивиденда за 2020 година

04 мар 2021
Вчитува уште новости...