Компанијата „Веро“ доби значајно признание од СОС Детско село за поттикнување на индивидуалната филантропија во 2020 година на годинешниот настан „Едно семејство“.
Настанот се одржа под покровителство на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, по повод Меѓународниот ден на солидарноста (20 декември).
Како што информираат од компанијата, признанието за „Веро“ доаѓа како резултат на хуманитарната донаторска акција на почетокот од оваа учебна година, во која потрошувачите купуваа училишни материјали во маркетите на трговецот и со тоа донираа средства во фондот за СОС Детско село. Собраните средства се наменети за образовните потреби на децата и младинците згрижени во СОС Детско село.
Хуманитарните акции што ги иницира „Веро“ се насочени кон луѓето кои во одреден момент имаат најголема потреба од поддршка, со посебен акцент на најмладите. Преку нашите акции се трудиме да ја развиваме свеста на граѓаните за големината на човечката солидарност и да го поттикнеме секој поединец или група да дејствува во рамките на можностите. Солидарноста и грижата за другите добија особено значење во овој период на пандемија, но за „Веро“ тоа е насоката кон која секогаш се движи, придонесувајќи за позитивни промени во општеството, истакна Петар Денковски, генерален директор на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.