Брендот Mama's годинава прославува 10 години постоење на македонскиот пазар. На почетокот во асортиманот на Мama's беа вклучени производи од пиперка, како што се ајвар, малиџанo, лутеница, а потоа се разви слатката програма, готовите јадења и киселата програма.
Освен на македонскиот пазар, за овие десет години, производите станаа достапни и во 45 земји, а како што нагласуваат од Маma's, сето тоа е можно поради поддршката на потрошувачите.
Нам во Mama's, моќта на љубовта ни е добро позната. Ни дава храброст, мотивација и енергија да го правиме тоа што никој, па дури ни самите ние, не сме мислеле дека е возможно. Во нашиот случај, љубовта e таa што изминативе 10 години ни дава сила да приготвиме вкусни рецепти направени од 100% локални и природни состојки и да ги споделиме со љубителите на Mama's, во 45 земји низ светот, соопштија од Маma's.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.