Македонија

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки

27 Nov 2020

Владата го возобнови Националниот контакт центар на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19. 

Националниот контакт центар започна со полна оперативност од денес, а на повиците на граѓаните, секој работен ден од 08:00-16:00 часот, ќе одговараат лица вработени во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Генералниот секретаријат на Владата, Управата за јавни приходи и од Развојната банка. Националниот контакт центар е  воспоставен со заедничка соработка на Владата и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во Скопје.

Покрај контакт центарот, граѓаните може да се информираат за сите актуелни вести поврзани со коронавирусот Ковид 19, како и за економските и други мерки на Владата поврзани со справувањето и спречување на ширењето на коронавурусот на веб страницата koronavirus.gov.mk. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...