Македонија

Ќе се раздвижуваат приватната потрошувачка и извозот

20 ное 2020

Буџетот за наредната година е конципиран да овозможи развој и консолидација на економските текови, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, уште еднаш посочувајќи дека тој ќе тежи 4 милијарди евра. Битиќи, истакна дека во фокусот на овој буџет, се заздравувањето на економијата, забрзаниот раст, заштитата на здравјето на граѓаните, на работните места, на стопанството, кратење на неприоритетните трошоци и подобра реализација на капиталните расходи.

Како поважни компоненти, на кои Владата догодина ќе посвети поголемо внимание се и раздвижувањето на приватната потрошувачка и растот на извозот.

Како што веќе најавија премиерот и министерот за финансии, за економските активности во 2021 година, се предвидени 1,14 милијарди евра, што е втор најголем износ по социјалните трансфери. Тоа значи дека полагаме големи надежи во закрепнување на економијата. Програмите за нови инвестиции тежат 115,5 милиони евра. Тука се и поддршката за отворање нови работни места, за инвестиции на домашни и на странски компании, отворање на развојни центри. Ќе се работи и на олеснување на законските решенија за финансиска поддршка, рече Битиќи.

До средината на идната година нема да има зголемување на минималната плата. Првата половина од 2021 година, ќе биде фокусиран на здравствената криза, а прашањата за било какви промени кај платите и пензиите, ќе се разгледуваат потоа.

Рано е да се зборува за зголемување на минималната плата, но и да се случи такво нешто, тоа зголемување на минимална плата не мора да значи дека ќе има импликации врз буџетот, бидејќи тоа го опфаќа и приватниот сектор. Првиот дел од наредната година ќе биде фокусиран на здравствената криза, а прашањата за зголемувања на платите и пензиите, ќе ги одговараме потоа – рече Битиќи. Тој повтори дека определбата на Владата за намалување на администрацијата за 20 отсто, останува висок приоритет, како што останува и приоритет да се обезбеди непречено спроведување на работата на јавниот сектор. Намалувањето на 20 проценти од администрацијата е процес и не може да се таргетира за краток рок, но за 1,5 година, ќе дојдеме до она што го ветивме, истакна Битиќи.

Буџетските приходи се проектирани на 212,6 милијарди денари или за 8,3 отсто повеќе во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Расходите за 2021 година се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско ниво од расходите предвидени со вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 34,8 милијарди денари или 4,9 отсто од БДП, што е за 3,6 процентни поени помалку во однос на проектираниот буџетскиот дефицит за 2020 година.

Извор: Слободен печат 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Петар Денковски од „Веро“ - менаџер на годината за 2020 година

24 ное 2020

Интернешнал фреш фуд отвори фабрика за производство на пилешко месо

24 ное 2020

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки

24 ное 2020

6 FMCG SUMMIT 2020 сруши рекорди во посетеност

24 ное 2020

Две донации од „Витаминка“ за здравствените установи во Прилеп

24 ное 2020

Во тек е 6 FMCG SUMMIT 2020 - следете го бесплатно тука!

24 ное 2020
Вчитува уште новости...