Македонија

Два нови македонски брендa го освојуваат светскиот пазар

28 Oct 2020

По успешното креирање и позиционирање на брендот Мама’с, проект во кој „Македонија-експорт“ повеќе не е дел, компанијата во изминатата година работеше на развој и лансирање на нивните два нови брендa: No bull… и B-good food co.

Засега производите се екслузивно достапни во маркетите во САД, но во план е ширење низ другите пазари во светот.

Производите веќе неполн месец се наоѓаат на полиците во маректите во Илиноис (САД), и реакциите на потрошувачите се одлични. Сепак ова е само почеток. Сè уште сме во фаза на тестирање и адаптирање на стратегијата, но веруваме во квалитетот на производите и нашиот бренд концепт брзо ќе се прошири низ цела Америка и пошироко низ светот, вели Калин Бабушку, еден од сопствениците на „Македонија-експорт“.

Во портфолиото на No bull… се вклучени 9 производи, произведени од 4 фабрики во Македонија, а во B-good food co. се вклучени основните намирници и засега кочанскиот ориз е првиот производ лансиран од овој бренд



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...