Македонија

Нов закон за работни односи од следната година

27 Oct 2020

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) работи на нов системски закон за работни односи, кој треба да биде донесен и да почне да се применува следната година.

Постојното законско решение е донесено во 2005 година и досега има 24 измени.

По консултациите на МТСП со претставници на трипартитниот социјален дијалог – работодавците, работниците претставени преку репрезентативни и нерепрезентативни синдикати и невладиниот сектор, активирана е работната група која веќе работи на овој закон, вели министерката за труд и и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа додава дека пандемијата со Ковид-19 наметна нови услови, кои треба да бидат вградени во законското решение: Тоа е, пред сè, работата од далечина или од дома, како нов облик што не беше регулиран во сегашниот закон. Тука влегува и регулирање на породилното отсуство, флексибилното работно време, должината на договори на определено, сезонската работа, ваучерите за сезонски работници и др.

Тоа, според министерката, ќе биде системско решение што ќе ги обликува условите на современието и ќе биде применливо во период што следува. Таа појасни дека во работата се вклучени и домашни и меѓународни експерти и оти во законот ќе бидат вградени стандардите на Меѓународната организација на трудот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...