„Рамстор“ заедно со своите потрошувачи и вработените донираа по повод Светскиот ден за борба против гладот.
По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладот, а во насока на визијата на „Рамстор“ традиционално по 4. пат организираше волонтерска акција меѓу своите вработени и поддржани од потрошувачите под мотото “ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер” .
Кампањата које траеше една недела и се спроведуваше во трите поголеми маркети на „Рамстор“ покажа голем интерес како од вработените така и од потрошувачите. За краток период се собраа приближно 1 тон храна која беше донирана на Црвен крст за да се помогне на ранливата категорија на население.
Секоја компанија која своите успешни резултати ги остварува благодарение на довербата на своите потрошувачи, тежнее и мора да ѝ возвраќа на заедницата. Вредностите врз кои „Рамстор“ го темели својот успех со квалитет, врвна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и своите добавувачи со кои градиме фер-односи, на чувствителен начин ја сносиме општествената одговорност, соопштија од „Рамстор“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.