Македонија

Бизнисот бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот

20 окт 2020

Во преработувачката индустрија „висат“ 15.000 работни места доколку навреме не се донесе ребалансот на Буџетот, алармираат од Организација на работодавачи.

Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи за МИА вели дека очекуваат пратениците во Собранието што е побрзо да го изгласаат ребалансот, бидејќи во него се предвидени средства за субвенции на платите на работниците за октомври, ноември и декември.

Краен рок за нас е крајот на октомври или најдоцна до 10 ноември, кога веќе се прави октомвриската плата. Затоа партиите да ја остават политиката настрана и да почнат да размислуваат за стопанството, кое со душа ја чека помошта од државата, изјави Димитров.

Тој забележа дека здравствената криза и целокупната состојба воопшто не оди во прилог на текстилната и кожарската индустрија, бидејќи во моментов многу компаниите се соочени со помал број на договори или воопшто не ги склучиле со странските партнери. Голем дел од странските компании не се одлучуваат да склучат договори, бидејќи во моловите, трговските центри и бутиците се уште како залихи стои стоката од минатата сезона, која не се потроши за време на карантинските месеци, почнувајќи од март.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



dm донира респиратори во вредност од 36.600 евра

20 ное 2020

Исплатени околу 15 милиони евра помош за октомвриските плати на над 58.000 вработени

20 ное 2020

Азески: Клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе спласнува

20 ное 2020

Стопанска комора предложи итни мерки за пост-ковид развој на земјоделството

20 ное 2020

Ново XL Бриош пакување од „Жито Лукс“

20 ное 2020

Почна повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје

20 ное 2020
Вчитува уште новости...