Анализата на „Фајнанс тинк“ покажа дека заради пандемијата, стапката на релативна сиромаштија во земјава ќе се зголеми за 1,2 процентни поени, што значи дека нови 25 илјади лица се втурнати во сиромаштија за време на ковид-кризата.
Резултатите за апсолутната сиромаштија се позагрижувачки и укажуваат дека заради кризата, нови 100 илјади лица ќе живеат со помалку од 5,5 долари (според паритет на куповна сила) односно 126 денари на ден.
Една од Владините мерки насочени кон зачувување на животниот стандард на најранливото население беше олеснување на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош, што според нашето истражување има потенцијал да извлече 24 илјади лица од екстремна сиромаштија што се дефинира како живот со помалку од 1,9 долари (44 денари) на ден. До јули годинава, потенцијалот е искористен само 65%, што значи дека уште 9 илјади лица имаат можност да влезат во системот на ГМА и да излезат од екстремна сиромаштија.
Од „Фајнанс тинк“ сметаат дека е потребен понатамошен напор од Владата за соодветно информирање на населението за новите критериуми за стекнување право на оваа помош. Дополнително, им предлагаме на носителите на политики, олеснетите услови за стекнување гарантирана минимална помош да продолжат да важат и во 2021 година, и да се воведе времен додаток на гарантираната минимална помош и времено дополнително олеснување на доходниот услов, со цел да се опфатат, покрај најсиромашните, и дел од ранливите слоеви од населението, соопштуваат од Институтот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.