Skopje Marketing Summit 2022

Игор Божиновски: Локализација на глобалните брендови

18 мај 2022

Како компаниите, застапници на познати брендови во Македонија можат да ги искористат глобалните брендови за истакнување на локалните уметници и нивна глобална промоција? Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на Skopje Marketing Summit од Игор Божиновски, сопственик на „Божиновски часовници и накит“.

Игор е главниот виновник за креирањето на првиот македонски Swatch. Неговата бизнис-приказна почнува во 1996 година во Битола, со отворањето на првото продажно место за златен накит под брендот „Божиновски“ во Старата чаршија. Набргу по формирањето, благодарение на силната пасија, „Божиновски“ станува официјален застапник на швајцарскиот бренд часовници Swatch за Македонија и низ годините се позиционира на врвот во секторот трговија, пред сè, поради препознатливиот имиџ и неприкосновен перфекционизам. Во наредните години, водена од популарниот слоган на Swatch „Секогаш различен, секогаш нов“, компанијата  стана препознатлив бренд што секогаш користи неконвенционални комуникациски алатки, преку кои се слави различноста. На тој начин, брендот гради силни врски со своите клиенти долгорочно и стратешки. Благодарение на таа бренд-филозофија, чекор по чекор, покрај на Swatch „Божиновски“ станува главен застапник и на други престижни брендови часовници и накит како: CK, Tissot, Longines, Omega, Tag Heuer, Damiani итн.

Освен сопственик на „Божиновски часовници и накит“, Игор е и пасиониран пилот со долгогодишно искуство во раководењето на воздухопловни институции во земјава. Тој е со 12-годишен мандат како претседател на „Аероклуб Битола“ и 6-годишен мандат како вицепретседател на Воздухопловната федерација на Македонија. Од неодамна е и член на Управниот одборот на фестивалот „Браќа Манаки“, со што ги поврзува своите две најголеми пасии – воздухопловството и филмот. Уште од основањето на неговата компанија, Игор е силен подржувач на културата и уметноста во нашата земја.  

Тој на Skopje Marketing Summit ќе зборува за локализација на глобалните брендови – клуч за градење силни врски со потрошувачите и промоција на македонската креативна сцена на светот. По повод 30-годишнината од независноста, минатата година Македонија  го доби првиот македонски дизајниран часовник Swatch, потег што предизвика многу воздишки од јавноста. Како локализацијата на глобалните брендови отвора нова димензија на односите со потрошувачите? Како компаниите, застапници на познати брендови во Македонија можат да ги искористат глобалните брендови за истакнување на локалните уметници и нивна глобална промоција? Ќе дознаеме од главниот виновник за креирањето на првиот македонски Swatch – сопственикот на „Божиновски часовници и накит“ – Игор Божиновски.

Skopje Marketing Summit е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот, во организација на „Кликер маркетингќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...