Преку практични примери на вториот Skopje Marketing Summit, Јасна Стоимировска-Величков ќе ги презентира бенефитите од невромаркетинг-методологијата.
Јасна е основач на „Арел невромаркетинг“, лабораторија за анализи, истражувања и едукација. Се занимава со невромаркетинг повеќе од една деценија и е пионер во апликацијата на невронауката во маркетингот во нашиот регион. Член е на меѓународната бизнис-асоцијација за невромаркетинг (NMSBA) и се залага за користење на нови иновативни технологии и за брз напредок на маркетинг-индустријата.
Кариерата како аналитичар на трговските пазари ја почнала во Nielsen – Оксфорд, Велика Британија, а практично знаење и работа со невромаркетинг-методологијата стекнала во Данска и во Холандија.
Денес користи напредна биометриска технологија и вештачка интелигенција за увид во однесувањето на купувачите, засновани на научни принципи. Покрај тоа што им помага на компаниите да разберат каква улога игра нивниот бренд во животот на купувачите, активно е вклучена и во семејниот бизнис „Аграр ко“. Одговорна е за меѓународна продажба и претставување на компанијата на саемите за прехрана во Европа и пошироко.
На Skopje Marketing Summit, настан што ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“, Јасна ќе ги презентира бенефитите од користење на невромаркетинг-методологијата, проследени со практични примери. Работите што некогаш сме ги претпоставувале или по интуиција сме верувале дека се вистинити, сега можат прецизно да бидат измерени.
Skopje Marketing Summit е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.