Зошто треба да го промениме начинот на кој работиме со брендовите е темата на која ќе зборува експертот за брендови Сузана П. Никифорова на вториот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“.
Сузана е бренд-експерт, пионер на свесна и системска промена во управувањето со брендот. Таа е автор на Animaway Branding, книга што најавува нова визија за брендовите. Книгата е резултат на мултидисциплинарното научно истражување во рамките на нејзините докторски студии, засновани на богатото деловно искуство како консултант за развој на брендови и бизнис.
Таа е бренд-менаџер и маркетер, но и дизајнер на услуги, консултант на Lego Serious Play, практикант на уметноста на хостирањето и учител по кундалини јога. Основач е на Animaway, агенција за брендирање на промените за подобар свет.
Во нејзината презентација на Skopje Marketing Summit ќе објасни зошто сегашната парадигма за брендирање беше дизајнирана за да ги задоволи деловните потреби на старата индустриска ера и зошто е несоодветна за сегашното општество на знаење. Ќе укаже на неопходноста од промена на брендирањето, со цел да се промени светот – кон подобро!
Skopje Marketing Summit е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот ќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.