Skopje Marketing Summit 2022

Стивен Трајковски: Бидете подготвени за Web3!

12 Apr 2022

Што значи терминот Web3? Што вклучува, што е најважно и како ќе влијае на дигиталниот маркетинг во иднина е темата на која ќе зборува Стивен Трајковски (Tech Leader / Blockchain Developer) на вториот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“.

Стивен е технолог, претприемач и инвеститор со над 20 години искуство, кој им помага на компаниите да се развиваат преку технологии, операции и стратегија за луѓе. Тој креира глобални тимови и создава ефикасни операции за поддршка на технологијата за дигитално рекламирање во Google, Facebook и за медиумската агенција Publicis.

Има искуство и во креирање маркетинг-алатки за издавачот на списанието Time Inc. Во последните неколку години се насочува кон новиот свет на Web3, blockchain, NFT и криптовалути, а работи и на развој на договори за dApps (првенствено заднина).

На Skopje Marketing Summit ќе ни даде живописен опис на терминот Web3 – што значи, што вклучува, што е најважно и како ќе влијае на дигиталниот маркетинг во иднина. Оваа сесија ќе ја дефинира моменталната состојба на дигиталниот свет и ќе им даде идеи на маркетерите како да бидат во чекор со трендот.

Skopje Marketing Summit е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот ќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...