Skopje Marketing Summit 2021

Бранимир Бркљач: Зошто повеќе никој не го слуша маркетингот?

20 Apr 2021

Ветеранот за директен маркетинг, Бранимир Бркљач е говорник на долгоочекуваниот прв Skopje Marketing Summit. На онлајн-настанот кој ќе се одржи на 20 мај во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStoreтој ќе одговори на прашањето „Зошто повеќе никој не го слуша маркетингот?“

Бранимир Бркљач е ветеран за директен маркетинг со богато меѓународно искуство, Бранимир ја започнува својата деловна кариера во 1991 година со пласирање на пазарот на легендарниот производ за болки во грбот „Космодиск“, кој беше продаден во над три милиони парчиња. Од 1993 година во следните 20 години тој беше партнер во компанијата „Студио Модерна“, која под брендот „Топ Шоп“ стана водечка компанија за ТВ продажба и директен маркетинг во Централна и Источна Европа.

Како „бегалец“ од светот на маркетингот, од 2012 година тој се посветува на развојот на компанијата „Тера Паноника“, која ја основа во војводинското село Мокрин, каде напуштен рурален имот е претворен во модерен урбан центар Мokrin House кој функционира како простор за работење и живеење, за фриленсери и дигитални номади од целиот свет. Тој е набудувач на светот околу него, за кој остава записи на неговиот блог „Искусен почетник“.

На Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, Екрем ќе зборува на тема „За времето кога маркетингот беше господска работа“.

Настанот ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://mk.marketing-summit.mk/.

                                          



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...