И оваа година InStore и „Кликер маркетинг“ ја продолжуваат мисијата за поддршка и едукација на малопродажниот сектор и го организираат 7 FMCG Summit Skopje 2021 - најголемиот трговски настан во годината.
7 FMCG Summit Skopje 2021 ќе се одржи онлајн на 28 октомври и ќе биде целосно бесплатен за следење. На самитот ќе говорат 10 професионалци од различни сфери од секторот кои ќе се претстават со свои презентации.
Спонзорството веќе го потврдија компаниите VERO, ORBICO и GEBRRÜDER WEISS.
ЗОШТО ДА БИДЕТЕ СПОНЗОР НА 7 FMCG SUMMIT?
Присуството како спонзор го зајакнува имиџот на компанијата
Ја зацврстува позицијата на брендот
Овозможува презентирање на брендот пред поширока публика
Ја потенцира стабилноста на компанијата во поинакви услови на работење
Ја покажува подготвеноста на компанијата спонзор да препознае и да се адаптира на нови начини на комуникција и максимално да ги користи маркетиншките алатки во секоја форма
Со спонзорството на самитот компанијата испраќа порака за висока општествена одговорност кон целокупниот сектор
РЕКЛАМИРАЊЕ НА САМИТОТ: Самитот оваа година ќе се рекламира исклучиво онлајн со големо присуство во дигиталниот простор преку банери, ПР текстови и реклами, како на веб така и на социјалните мрежи. Ќе се таргетира првенствено македонската публика, но и деловните луѓе од Косово, како пазар доста близок на македонскиот и потенцијално интересен за спонзорите.
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СПОНЗОРИТЕ: Спонзорите оваа година ќе бидат рекламирани со свое лого и свои рекламни спотови кои ќе бидат емитувани за време на самитот. Логоата на спонзорите ќе бидат објавени на сите најави на самитот. Спонзорите ќе бидат комуницирани во сите текстови и објави во магазинот InStore, како и во њуслетерот на InStore и веб страницата www.instore.mk.
За спонзорските пакети, контактирајте нè на:
meri@instore.mk
+389 2 3067 572; +389 71 262 441
КОЈ ЌЕ ГО СЛЕДИ FMCG SUMMIT 2021?
ТРГОВЦИ - големи синџири супермаркети, локални синџири маркети, хард-дисконтери, топ-менаџмент, набавка и продажба, трејд-маркетинг и маркетинг, логистика и дистрибуција, човечки ресурси.
ПРОИЗВОДИТЕЛИ - топ-менаџмент, продажба и извоз, маркетинг и трејд-маркетинг, технолози, аналитика
ДИСТРИБУТЕРИ - топ-менаџмент, продажба и маркетинг, дистрибуција и логистика, човечки ресурси
ПРИДРУЖНА ИНДУСТРИЈА - опрема, софтверски и хардверски решенија, технологија
АГЕНЦИИ - истражувачки и консултантски агенции, маркетинг и ПР-агенции, едукативни центри, комори во малопродажниот сектор
ДРУГИ - студенти, професори, научен кадар
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.