Skopje Marketing Summit

Александра Дилевска: Водење на брендовите кон иднината

07 мај 2021

На претстојниот Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, ќе зборува Александра Дилевска, една од основачите на Publicis Groupe во Македонија, на тема „Водење на брендовите кон иднината“.

Александра е една од основачите на Publicis Groupe во Македонија и во моментов е главен извршен директор за Хрватска и Македонија, како и оперативен директор за Adriatic регионот.

Има огромно искуство во стратегија, градење на брендови и креирање на кампањи за локални и интернационални клиенти во Македонија и во регионот. Во колекцијата професионални награди се наоѓаат Cannes Lions, Euro Effie, Eurobest Golden Drum, Balcannes, IdeaX.

Низ работата ја промовира уметноста и културата и заедно со агенцијата преку про-боно проекти придонесува за заедницата. По образование е инженер по компјутерска наука, со МБА во маркетинг на Sheffield University и одликувана е со Орден за уметност од Република Франција. Сака да создава, не сака status quо, верува во пасија.

На Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, Александра ​ќе зборува на тема Водење на брендовите кон иднината“.

Настанот ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...