Skopje Marketing Summit

Данчо Димков: Вашиот идеален клиент е на Linkedin. Најдете го!

10 May 2021

Секогаш жеден за нова бизнис-авантура, основачот на BizzBee Solutions – Данчо Димков, ќе ви помогне да го најдете вашиот идеален клиент на првиот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 20 мај во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore.

Данчо е сериски претприемач, основач и извршен директор на BizzBee Solutions. Но, најмногу од сè, тој е силен поборник за напредок. Тој едноставно е инспириран од развојот и напредокот на луѓето, компаниите, односите и деловните активности.

Споделувајќи го знаењето, енергијата и љубопитноста во сè што прави, тој во текот на целата своја кариера го поттикнува личниот раст и развојот на другите со кои соработува. Данчо им помага на организациите да растат и да се развиваат градејќи мост меѓу компаниите и нивните идеални клиенти, на претприемачите им помага да изградат атрактивни бизниси, а на вработените во развојот и подобрувањето на вештините.

Тој е секогаш жеден за нова бизнис-авантура и смета дека не е воопшто тешко да се прават нештата поинаку. Како сертифициран менаџмент-консултант и сериски претприемач, Данчо смета дека е негова должност да ги води малите претпријатија и бизниси на патот кон успехот. Дека тоа е негова должност, потврдува и фактот што е горд сопственик на BizzBee Solutions, каде што се комбинираат разновидни услуги во едно целосно решение, правејќи го патувањето до успехот непречено и лесно.

Данчо е човек со многу други интереси. Тој е семеен човек и татко на тригодишно дете. Како изгледа еден совршен ден за него? Патување со семејството и уживање во вкусна храна. На крајот на краиштата, сé се сведува на тоа да си присутен во сите сфери од животот, да растеш и да одржуваш баланс.

На Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, Данчо ќе зборува на тема „Вашиот идеален клиент е на Linkedin. Најдете го!“.

Настанот ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...