Skopje Marketing Summit

Лилиана Каимакан: Иновирање на портфолиото на иднината

11 May 2021

Иновирање на портфолиото на иднината​ е темата на која ќе зборува Лилиана Каимакан, професор по маркетинг и стратег за иновации, на првиот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 20 мај во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore.

Лилиана е водечки експерт за иновации, комуникација и деловна стратегија. Работи во FMCG-индустријата и во рамките на луксузните индустрии, притоа соработувајќи со врвни компании како Unilever и Tata, каде што работи на светски брендови и портфолиа.

Со долгогодишно искуство во маркетинг и лидерство, стекнато со работење на повеќе категории, различни брендови и во мултикултурни средини, Лилиана има огромни искуства во креирање стратегии и отворање на нови можности, водејќи ги бизнисите во неверојатен брз пораст. И сето тоа преку нејзината огромна енергија и постојан отворен пристап кон нови можности.

Живеела и работела на повеќе меѓународни пазари, а има искуство во повеќе сектори – малопродажба, нега и хигиена, храна, луксузни производи, и тоа секогаш работејќи на нови иновативни проекти.

Предава на настани низ целиот свет на различни теми: маркетинг, повеќеканално и дигитално искуство на потрошувачот, управување со промени, дисруптивни иновации и др. Лилиана е професор на Меѓународната школа за бизнис Хулт. Предава за трендови и иновации, како и бренд-менаџмент.

Има голема страст за инспиративните можности, како и за пораст и развој на луѓето и бизнисите. Таа е магистер по маркетинг и комуникации.

На Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, Лилиана ​ќе зборува на тема „Иновирање на портфолиото на иднината“.

Настанот ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...