Пишува: Ана Терзиоски, Key account supervisor, „Колид С Tим“
Кога човекот ќе се најде во специфична ситуација, по природа бара решение. Меѓутоа, кога ситуацијата е поширока и е специфична на глобално ниво, сите поставуваме исто прашање: до кога ќе трае и/или дали и како ќе се заврши? И без да одговориме продолжуваме понатаму. За кратко време навиките и начинот на живеење ни е сменет, но ние сепак сме тука. Како природен процес на приспособување, или револуција во еволуција, со брзина на светлина учиме и поместуваме граници од минатото.
Во ера на напредна технологија, виртуелна реалност, луксузни патувања до Месечината, во ера на секојдневни (не)пригоди единствена константа е ЧОВЕКОТ. Таму нема промени. А не би ни требало да ги има.
Кога би сакале да направиме споредба за луѓе, вработени во сите сектори, и индустрии, пред пандемијата и сега додека сè уште трае, едноставно неспоредливо е, и не можеме да не кажеме колку сила, волја и храброст постои во секој од нив, во секој човек, вработен, посебно. Во предизвикувачките ситуации и променливото време на глобално ниво, единствено нешто што не губи вредност е меѓучовечкиот однос, доверба, лојалност и истрајност. Компаниите треба да ги негуваат вработените внимателно и да знаат дека со добар и стручен кадар, сите надворешни ситуации ќе можат да се претвораат во нова можност или стратегија за пораст, развој или нови инвестиции. И дека, всушност, главен ресурс на сите компании се нејзините вработени. И без оглед на образование, индивуидуално, сите имаат иста можност за придонес. Како на компанијата, така и за околината и за личниот статус.
Еден од позитивните моменти во пандемијата е и дигитализација во сите сегменти во општеството... Онлајн-настава, онлајн-состаноци, онлајн-тренинг... тоа што претходно можеби изгледало како далечна иднина, за кратко време е имплементирано и функционира. Така што се наоѓаме во ситуација, покрај работа да можеме лесно да се насочиме и на личен и професионален развој. Да најдеме време за ново хоби, читање, професионално усовршување, начин на исхрана, или тренинг, всушност тоа што нè исполнува. Сето тоа е достапно и треба максимално да се искористи тоа што модерното време ни го дава, а ни е на дофат на рака. Секој чекор направен за личен развој е чекор напред, а по првиот чекор, вториот е полесен. Со енергија која што произлегува од персонален развој, несвесно и даваме придонес на околината. Секој наш подвиг и пример гледајќи низ призма на општеството може многу да влијае. Кога работиме одговорно и квалитетно, и работиме на себе си, всушност градиме стабилност и интегритет. Затоа не треба никогаш да застанеме со учење и со надградување. Независно од годините или статусот. Едноставно чекор по чекор за големи нешта.
Нека секој понеделник биде нова книга, нова засадена билка во стан или дрво во двор, милениче.. или нов рецепт. Нов збор на друг јазик, или coffee to go во парк со друштво од факултет. Нешто старо-ново. Само нека биде. Да не чекаме да се случи нешто. Да се случиме ние.
П.С. Понеделник е убав ден!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.