Колумни

10 години InStore - синергија на FMCG-секторот

01 Feb 2021

InStore годинава обележува 10 години постоење на македонскиот пазар. Десет години секојдневно споделување на информации, анализи и стручни текстови за FMCG-секторот за компаниите да бидат во чекор со трендовите, иновациите и инвестициите во земјава, регионот и во светот.

Првиот трејд-магазин на македонскиот пазар е „Таргет“, кој првпат излезе во 2011 година. Почетоците не беа нималку лесни. Што поради околностите поврзани со специфичниот начин на работење, дотогаш не толку познат на пазарот; вложувањето енергија за создавање контакти и понуда на квалитетно печатено издание, кога печатените медиуми полека ја губеа силата. Во 2012 година стануваме дел од регионалниот проект – InStore на кој работат 5 земји, 35 вработени и повеќе од 34.500 вкупен тираж.

Денес, InStore претставува комуникациска платформа која едуцира и информира. Алка која ги поврзува производителите, дистрибутерите и трговците не само преку магазинот, туку и преку конференциите, работилниците и другите настани организирани низ годините. 

Визионерските потфати и ентузијазмот и по 10 години се наши карактеристики во креирањето квалитетни содржини и настани што ѝ се потребни на FMCG-индустријата. Секој број е производ на синергијата на нашата и на редакциите на InStore во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Но, тоа не би било доволно доколку ја немавме поддршката од компаните од секторот. Таа ни дава причина да продолжиме со нашата мисија: зачувување на печатеното издание, приспособување на дигитализацијата со понуда на секојдневни, свежи информации, унапредување на концептите на работилниците и самитите... Ни дава сила да бидеме гласот на FMCG-секторот.

2021 година е наша година во која сакаме да се навратиме на сето тоа што е направено досега. Во следните изданија на InStore и на веб-страницата ќе ви понудиме интересни содржини кои ќе ве потсетат на вредноста на она што го правиме и ќе го правиме за вас.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...