Маалска продавница

Претставуваме: „МСМ Кидс“

19 Feb 2013
InStore во разговор со Војче Ивановски, сопственик на „МСМ Кидс"
 
Со концентрација до успех
 
Вработените мораат да воспостават одредена блискост со сите потрошувачи од неколку причини: привлекување потрошувачи кои почесто ќе пазарат, формирање на понудата согласно побарувачката и давање доза на блискост и верност за долготрајност на односот понуда-побарувачка. 
 
Кога си подолго време присутен во една класична маалска продавница, забележуваш работи што вообичаено не би ги забележал. Додека го чекавме Војче да пристигне во неговата продавница во населбата Аеродром, јас и колешката Алма бевме сведоци на низа разговори: „Кај си злато?" „Што ми правиш?" „Мама како е?" „До каде сте со реновирањето?..." „Па, до никаде, цело време работиме..." „На мама денеска ѝ е роденден, па ми рече да ве поканам кај нас, ве чека на торта", беше еден од разговорите на кој сведочевме во „МСМ Кидс". Токму тоа е клучниот фактор за долгогодишното опстојување на ваквите продавници. Како што ни раскажа Војче Ивановски, сопственик на продавницата, добриот однос на вработените со потрошувачите е неминовен. Тие мораат да воспостават одредена блискост со сите потрошувачи од неколку причини: привлекување на потрошувачи кои почесто ќе пазарат, формирање на понудата согласно побарувачката на потрошувачите и давање доза на блискост и верност за долготрајност на односот понуда-побарувачка. Продавницата „МСМ Кидс" во Аеродром постои од 1999 година, а првата продавничка Војче ја отворил во 1996 година, во населбата Ново Лисиче во Скопје. Продавницата во Аеродром што ја посетивме се простира на речиси 80 квадратни метри, од кои 40 се продажен простор, а останатите 40 се магацински простор. Тука работат четири средовечни жени кои лично ги познаваат речиси сите потрошувачи, а фирмата има уште четворица вработени кои се грижат за продавницата во Ново Лисиче.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронско издание на InStore бр.4


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...