„Принце Ентерпрајс" веќе пет години создава и ретроградно развива високопрофесионален однос и тим за соработка во континуитет на успешно поставената цел, што несомнено говори и потврдува за максимално задоволување на потребите на своите верни купувачи, претворајќи го рутинското дејство за секојдневно пазарење во вистинско задоволство. Говориме за растечка низа на компоненти што се рационално распределени за генерирање на постојан развој, квалитетна соработка, разновиден асортиман и квалитетна продажба што несебично се рефлектираат кај нашите купувачи како постојана и единствена движечка сила во нашето работење.
Таквата поставеност за константно подобрување на квалитетот на нашата услуга, воведувањето на иновативни методи, лансирање процес на производство и креирање на конкретен имиџ пропорционален на сопствените постигнувања е резултат на квалитетната раководна политика. Неуморното остварување на високите цели смело се бележи од адекватниот акцент за навремено и целосно исполнување на обврските.
Квалитетната раководна политика како интерен носител на развојот, успехот и визијата, во вистински услови, поволна средина, за идеална услуга ја создаде токму управителот на „Принце Ентерпрајс", г. Адем Абдулаи. Тој создаде начин за постојано остварување, делегирање процес на позитивни насоки, практични решенија... Абдулаи прикажа и потврди политика силно поткрепена од стремежот за непрекинато квалитетно работење за подобрување на квалитетот на животот на поединци или групи без разлика за кој општествен слој се работи.
Модернизацијата, усовршувањето и иновациите се само дел од компонентите за создавање на комплетна целина. Грижата за работната средина на вработените и условите за работа се вистински показатели за лојалноста и исполнувањето на условите на соодветната законска регулатива.
Историјат на компанијата
Компанијата ДООЕЛ „Принце Ентерпрајс" Скопје на македонскиoт пазар е присутна од 2008 година, со отворање на својот прв супермаркет во Скопје. Истата година ги отворивме следните подружници: ресторан „Принц", пекарница „Принц", месaрница „Принц", киоск „Принц", како и бесплатна игротека. Со отворањето на овие подружници набавени се и нови современи апарати за софистицирање на процесот на производството, со што значително е зголемено производството, а со тоа е зголемена и продажбата.
Во почетокот на 2011 година, отворена е нова подружница, што нуди свежа и квалитетна брза храна. Во текот на истата година инвестирано е во проширување на супермаркетот, со тоа што се изгради уште еден кат, а со тоа се зголеми и асортиманот на производите. Исто така, во состав на новиот дел отворен е современ ресторан, така што сегашната површина на супермаркетот „Принц" изнесува 6.000 квадратни метри.
Бидејќи нашето дејствување е насочено кон задоволување на потребите на сите потрошувачи и бизнис-партнери кои стапуваат во контакт со нас, во февруари 2013 година отворивме уште еден супермаркет, овој пат во Тетово, а со цел сè повеќе да се доближиме до потрошувачите. Во состав на супермаркетот во Тетово отворивме уште еден најсовремено опремен ресторан.
Во мај истата година менаџментот на нашата компанија, стремејќи се кон повисоки цели, се одлучи својата дејност уште повеќе да ја прошири и за таа цел формиравме нова подружница, односно хотелски објект што е лоциран во прегратките на планината Караџица, веднаш покрај Кадина Река. Хотелот располага со рибник, ресторан и 62 модерно опремени соби.
Се вчитува следна вест...