Малопродажба

Ин трговец: Маркети „Макпрогрес“

15 Oct 2013

Историја на маркетите „Макпрогрес"

 

 

 

Во 1990 година компанијата „Макпрогрес" почнува со трговија на големо со прехранбени производи и стока за широка потрошувачка, а во 1993 година е отворен првиот маркет „Макпрогрес". Во 1996 година е изграден нов деловно-магацински објект, со што е проширен и делокругот на работа со увоз и дистрибуција на странски производи на територијата на Република Македонија.
 
Почнувајќи со само една мала продавница што на потрошувачите им понуди, пред сè, ниски цени, полека почна да се шири цела малопродажна мрежа на маркети „Макпрогрес". Во моментов мрежата на „Макпрогрес" брои вкупно 8 маркети, од кои 7 се во градот Виница, а еден во селото Блатец.
 
Водејќи се од мотото „Секогаш ниски цени" и паралелно внимавајќи на квалитетот и широкиот асортиман на производи во своите маркети, „Макпрогрес" веќе 20 години успешно ги задоволува потребите на потрошувачите во Виница.


Секогаш ниски цени

 
Јасно е дека очекувањата на македонскиот потрошувач од малопродажниот сектор се удобноста и сите предности на странските малопродажни објекти, што значи дека нашите потрошувачи очекуваат и бараат маркети што нудат широка палета на производи – како домашни, така и странски, но пред сè производи со реални цени, односно со цени што соодветствуваат на потрошувачката моќ на Македонецот.
 
Маркетите „Макпрогрес" на локалниот потрошувач од Виница му нудат најразличен асортиман и квалитет на производите. Водејќи се од девизата „Секогаш ниски цени" – маркетите „Макпрогрес" важат за маркети со најниски цени во Виница и околината. За време на своето 20-годишно постоење тие стекнаа многу верни потрошувачи, за кои постојано наоѓаат начин да ги наградат. За потрошувачите постојат лојалти-картички со кои тие добиваат низа погодности и попусти. Со цел секогаш да ги информираме нашите потрошувачи за нашите флаери, односно за новостите, попустите, акциите и специјалните понуди, активни сме и на нашата фан-страница на „Фејсбук". Потрошувачите се оние за коишто работиме и постоиме. Затоа, секоја година за време на новогодишните празници организираме наградни игри со вредни подароци и ваучери.


Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното издание на InStore бр.11



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...