•1818 г. − Деловната активност на фамилијата Веропулос почнува на Пелопонез, продолжува во Смирни (Измир), Мала Азија и постепено се концентрира во Пиреја. Деловните активности опфаќаат: продажба на големо, увоз, извоз и претставништва.
•При крајот на 60-тите години Костас и Алекос Веропулос се преориентирале на малопродажба, со цел да ја остварат идејата за продавница со самопослужување. Со поддршка и техничкото знаење на интернационалниот „Шпар", тие го создаваат концептот на супермаркет.
•1973 г. − Големиот почеток − отворање на продавница на површина од 2.000 квадратни метри под името „Веропулос Шпар". Продавницата доживува огромен успех. По неколку години, „Веропулос Брос" станува прва компанија што излегува од Атина и се проширува со отворање на слична продавница во Солун.
•1992 г. − Групацијата „Веропулос" откупува 100% од акциите на синџирот супермаркети „Атина", со 24 продавници.
•1993 г. − Групацијата „Веропулос" откупува 60% од акциите на синџирот супермаркети „Халкидакис" со 11 продавници и ја отвора првата бензинска пумпа под името „Шпар". „Веропулос" е единствениот синџир со бензински пумпи на 13 малопродажни локации.
•1997 г. – „Веропулос" го отвора првиот супермаркет во Скопје. Тоа претставува една од првите странски инвестиции надвор од Грција.
•2001 г. – Групацијата „Веропулос" откупува 100% од акциите на синџирот супермаркети „Панемпорики" со 44 продавници, кои постепено се адаптираат во супермаркети „Шпар".
•2002 г. – Отворање на првиот хипермаркет од 6.000 квадратни метри во Белград.
•2010 г. – Отворање на првиот шопинг-центар на „Веропулос" – „Веро Центар" во Скопје со површина од 40.000 квадратни метри.
Свежо месо само од „Веро"!
Нашите потрошувачи препознаваат дека примарна и најважна улога на нашата месарница е обезбедување на квалитетно и свежо месо со потврдено потекло и со контролиран квалитет, имплементирајќи ги законските барања и очекувањата на нашите потрошувачи. Внимаваме на квалитетот на месото во текот на целиот процес до нашите потрошувачи, бидејќи ние сме клучен елемент во градењето на довербата меѓу потрошувачите и производителите на месо. Нашите доставувачи, со кои имаме ексклузивни договори, се обврзани на висок квалитет и навремена испорака на свежо месо според желбите, вкусовите и потребите на нашите потрошувачи. Кај нас ќе го најдете најсвежото јунешко, телешко и свинско месо што ги задоволува највисоките ХАССП-стандарди за здрава храна.
Повеќе прочитајте во електронското и печатеното издание на InStore бр.8
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.