Во 1999 година почна со работа КАМ, во кој влегоа две претходно отворени продавници – за чоколадни бонбони на „Интеркам" во Охрид (1993 г.) и рибарница на „Камфуд" во Скопје (1995 г.). Така почна историјата на „семејниот маркет" КАМ, за денес да прерасне во единствен хард-дисконт во Македонија и еден од најголемите синџири, со 56 маркети, во кои работат 488 луѓе од различни профили. Своите потреби со животни продукти во маркетите на КАМ седмично ги задоволуваат 300.000 семејства.
КВАЛИТЕТОТ НА ПРВО МЕСТО
Раководниот тим и вработените во сите сектори минуваат низ континуирани обуки и дошколување според најсовремени методи на работење, што придонесува за зголемување на нивната стручност и на нивните вештини.
Еден од основните принципи на КАМ е многу да продава во обем, а малку да заработува од парче.
СОПСТВЕНИ МАРКИ
На гондолите во КАМ има сопствена група од 165 производи од веќе популарни марки Камко, Милкам, Солис, Вита, Алпико, Милорд, Лалин, Минел, Дентамед, Blue Sea, Фиеста, Рио, Чардак, со што компанијата ги поттикнува домашните производители да усвојуваат нови технологии и да воведуваат нови производи без да вршат притисок на пазарот со зголемување на цените.
ФАКТИ ЗА МАРКЕТИТЕ КАМ
■ Според истражувањето на белградскиот институт „Медиана Адриа" од ноември 2012 година, најголем број (20%) од потрошувачите во Р. Македонија дневно пазаруваат во маркетите на КАМ.
■ „Брима Галуп" – Македонија, во анкетата што ја направи во почетокот на 2012 година, констатира дека потрошувачите изразуваат најголема доверба во трговскиот синџир КАМ. Маркетите на оваа компанија ги преферираат 39,2% од Македонците, 43,6% од Албанците и 30,2% од граѓаните од другите националности.
■ Асортиманот од над 700 прехранбени производи и артикли за секојдневна широка потрошувачка компанијата го снабдува од сопствен централен магацин, логистички центар и сектор за интерна контрола на квалитетот.
■ Новоизградениот Трговски центар „КАМ Сити" во Охрид на 6.500 квадратни метри затворен простор располага со зелен пазар на површина од 2.000 квадратни метри, со продавници за млеко и млечни производи, месарници, рибарници, дуќани за текстил, цвеќарница, земјоделска аптека, салони за убавина, за спорт и рекреација, игротека и друго.
■ Наскоро ќе се изгради големиот трговски центар со зелен пазар во центарот на Скопје, на местото на Цветниот пазар, на вкупна површина од 18.000 квадратни метри.
■ Нов логистички центар на КАМ на 8.000 квадратни метри ќе никне крај Скопје.
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
КАМ е доследен во односите со потрошувачите, што секојдневно го манифестира и на својата страница на „Фејсбук". Преку секојдневна интеракција, одговара на прашања, предлози, идеи и критики од потрошувачите ширум земјата. КАМ поддржува активности на Црвениот крст на Македонија и на Град Скопје, ги помага децата на внатрешнораселените семејства, поддржува организации што згрижуваат деца и младинци од ранливите социјални групи и др. Веќе неколку години, покрај летоците на македонски јазик, КАМ печати и двојазични летоци во општините со значителен број лица кои зборуваат албански јазик.
ДОНАЦИИ
Показатели Износ во денари
Вкупен промет во 2012 г. ......................................... 4.176.989.474
Промет по вработен................................................. 8.849.554
Промет по м2................................................................ 208.850
Добивка пред оданочување во 2012 г. ................... 273.943.156
Број на вработени во 2012 г. ................................................ 472
Вкупен продажен простор............................................... 20.000 м2
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.