Малопродажба

Ин трговец: Маркети „Туш“

29 Apr 2013

Историјат

- Од 1989 година, од мала локална продавница, „Туш" се развива во голема трговска мрежа, што денес е активна на пазарите во Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија. Отворени се 240 трговски центри на „Туш" со над 4.000 вработени.
- Во Македонија , „Туш" го отвора првиот маркет во Штип на 14 мај 2008 година. Потоа се шири на пазарот во Куманово и Велес. Во трговските центри се отвораат голем број продавници на фирми-закупци, со кои се остварува висок степен на професионалност и успешност во работењето.
 

- Успешната работа на компанијата „Туш" се докажува со меѓународната награда World Finance 2012 Corporate Governance. Ова е важно признание за „Туш", за кој се изработи успешен стратешки деловен план до 2015 година. Наградата е потврда дека моделот на „Туш" во локалната и регионалната средина е глобално призната добра практика.

Држави: Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија
Број на маркети: 240
Број на вработени: 4.000

Свежината и квалитетот во „Туш" се на прво место

Квалитетот на нашата услуга и свежата понуда се основа на работењето во маркетите „Туш". Купувачите очекуваат убав и тазе печен леб, свежо месо и риба, избрана понуда на деликатеси и богата понуда свежо овошје и зеленчук. Свежината и квалитетот се обезбедуваат со строги и константни контроли на сите процеси во целокупната понуда. Понудата во „Туш" носи најдобар однос помеѓу квалитетот и цените што ги очекува денешниот потрошувач.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.6

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...