Иницијален фактор за задоволството на потрошувачите
Кога велам погодности за пазарење мислам на количките и кошниците за шопинг што се иницијални во светот на секојдневното пазарување. Шопинг-количките ги има во најразлични форми и димензии, почнувајќи од мали и функционални до големи и габаритни колички за поголема намена. Во последните години сè позастапена е новата генерација на шопинг-колички, целосно изработени од пластика достапни во најразлични дизајни и бои. Во светски рамки, истражувањата докажуваат дека овој тип шопинг-колички се користат на места каде што има екстремни климатски услови со многу дожд, снег и влага, каде што металните колички страдаат од оксидација. Поради не’рѓосувачкото својство, векот на овие колички е трипати подолг, отколку на металните колички. Освен тоа, оваа генерација на шопинг-колички има и други придобивки: уникатен дизајн, различни бои, лесни се за управување, бесшумни, нивното одржување е намалено, пластиката се рециклира итн. Слично како и количките, така и кошниците денес се достапни со најразлични дизајни и големини, согласно потребите на потрошувачите. Сè почести се подвижните кошници со телескопска рачка, што се попрактични во споредба со рачните кошници во поглед на носивоста на тежината кај купувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.