Малопродажба

Ин трговец: „Скопски пазар“

15 Jan 2013

„Скопски пазар"


Општи информации
 

•„Скопски Пазар" е компанија со најдолга традиција во областа на трговијата во Македонија

 
•www.doma.mk – првиот онлајн-супермаркет во Македонија
 
•Повеќе од 600 вработени 
 
•10 „СП маркети"
 
•5 дисконти „Макси Д"
 
•1 центaр за убавина – „Јуник"


Историја

•Под мотото „60 години трговијата наш занает", оваа година „Скопски Пазар" прослави јубилеј од 60 години постоење. Во текот на годините компанијата успеа да изгради повеќе успешни брендови и да услужи голем број граѓани, секогаш настојувајќи да ги пресретне и надмине очекувањата на своите купувачи, преку квалитетот и пристапните цени на својата понуда.

•Од желбата на купувачите да им се понуди голем асортиман на производи со поволни цени се создала идејата за отворање на маалски маркети според највисоки стандарди, сосема поинакви од локалните гранапи, како по структурата, така и по понудата, прос¬торните услови, услугата и цените. Така, во 1998 година настана брендот на супермаркети „СП маркет", кој успеа да го зачува блискиот однос со купувачите и покрај новиот посовремен начин на услужување на купувачите. И денес, четиринаесет години подоцна, зад слоганот на „СП маркети" – Повелете комшија, стои мотото да се биде секогаш тука за купувачите, да им се понуди најдоброто како на свој пријател и сосед (комшија).

•Со цел на купувачите да им се овозможат голем број поволности по најконкурентни цени, „Скопски Пазар" во 2005 година го отвори првиот дисконт под брендот „Макси Д". Денес, мрежата на дисконти „Макси Д" брои 10 продажни места. Купувачите секојдневно ги избираат дисконтите „Макси Д", настојувајќи да добијат најголема вредност за своите пари.

•Во 2005 година „Скопски Пазар" го отвори првиот центар за убавина во Македонија – „Јуник". Создадена по примерот на големите светски познати продажни места за производи од козметичката индустрија, „Јуник" беше првата продавница што понуди голем асортиман производи од најреномираните светски брендови за нега и декоративна козметика, козметички услуги и совети од обучени лица на едно место. Во текот на седумте години постоење, „Јуник" прерасна во омилено место за сите што ги вреднуваат убавината, негата, стилот и префинетоста.

•Во тек со развојот на технологијата и барањата на купувачите за лесен и брз пристап до голем асортиман на производи, „Скопски Пазар" во 2009 година го претстави првиот е-супермаркет во Македонија, www.doma.mk. Веб-страницата понуди нов начин на купување, 24 часа на ден, без чекање и без турканици.
www.doma.mk за првпат им овозможи на купувачите во Македонија да купуваат повеќе од 10.000 артикли со само еден клик, кога било и од каде било.

•Стремежот да се обезбеди врвна услуга за своите купувачи во текот на годините резултираше со голем број добиени награди и признанија. Неколку години по ред „Скопски Пазар" беше добитник на награди од манифестацијата „Месец на трговијата", како и на наградата „Статуетка Меркур" за најдобро естетски уреден малопродажен објект и најдобар трговски тим. Една од најзначајните потврди за посветеното работење на „Скопски Пазар" е добивањето на реномираното признание „Супербрендс" во 2009 година.

Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 3



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...