Маркети „Тинекс"
Општи информации
- Водечки синџир на малопродажба во Македoнија.
- Распространет на 50 локации ширум Македонија – маркети, супермаркети, дисконти, дрогерии на површина од 27.000 м2.
- Број на вработени – над 1.000.
- Над 50.000 потрошувачи кои дневно влегуваат во маркетите на сите локации.
- Вкупниот приход на „Тинекс" во 2011 година изнесува 5.459.881.815 денари. (Порастот на компанијата во 2011-та е 9,8% во однос на 2010 година.) Мисијата на „Тинекс" е да им овозможи на потрошувачите да купат производи со добар квалитет и поволни цени, да добијат добра услуга, а притоа пазарењето во маркетите да им претставува вистинско задоволство.
Историја и развој на „Тинекс"
-Во 1994 година се отвори првиот маркет „Тинекс" во Скопје, во Карпош 3. Денес, во синџирот на маркетите „Тинекс" има вкупно 38 продажни објекти во 9 градови низ Македонија. Со цел да им овозможи на купувачите бројни поволности по најконкурентни цени, „Тинекс" го разви концептот – „Тинекс Дисконт". Имено, 25 продавници во повеќе градови низ државата работат под концептот – дисконт.
-Да се задоволат пребирливите вкусови не е едноставна работа, па токму затоа како дел од стратегијата на „Тинекс" во 2004 година е создаден брендот – „Extra", препознатлив знак на многу производи со висок квалитет по најповолни цени.
-„Супер Тинекс" е синџир на хипермаркети што располагаат со голем продажен простор и понуда од над 20.000 производи. За целосно уживање, како составен дел на овие објекти има аптеки, кафе-барови, хемиско чистење, автоперални, детски катчиња и др. Првиот „Супер Тинекс" е отворен во 2008 година, а по него следуваат уште 6 други во следниве градови: Скопје, Куманово и Охрид.
-Следејќи го трендот на современиот начин на живеење и потребата од нега и убавина, во 2009-та е отворена првата дрогерија „Космо Тинекс" во центарот „Зебра". „Космо Тинекс" е синџир на дрогерии што нудат производи наменети за нега на лице, коса, тело, декоративна и медицинска козметика, парфеми, органска храна, храна за дијабетичари, како и производи за нега на бебешка кожа. Денес, во синџирот на „Космо Тинекс" има 11 дрогерии.
-Туристичката агенција „Travel solution" е новиот сегмент на добро докажаниот синџир на малопродажба „Тинекс", што се отвори во 2011 година. Составена од тим од врвни професионалци, туристичката агенција нуди широк спектар на услуги: организација на бизнис-патувања (конгреси, семинари), сместување во хотели низ целиот свет по најповолни услови, осигурувања од секаков тип и рент-а-кар услуги.
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 2
Се вчитува следна вест...