Важноста на рафтот како продажна алатка
Невиденото останува непродадено
Кога една компанија сериозно размислува за стимулирање на продажбата во малопродажните синџири, потребно е фокусот да го насочи на рафтот, односно на комуникацијата на рафт, што може да ја зголеми продажбата и до 35% според најновите светски истражувања.
Пишува: М-р Билјана Костов-Жежовска, извршен директор на „Маркето Солутионс"
За да сфатиме колку еден производ е битен особено за производителот не треба да го изоставиме фактот дека производот поминува низ процес што почува од едноставно генерирање идеи, скрининг, развој на производ, негово тестирање и на крајот лансирање на пазарот, односно влез на производот во маркетот и негово позиционирање на рафт. Токму тука почнува борбата за продажба што е предизвик за секој маркетинг-менаџер. Како да се направи мојот производ видлив, атрактивен за купувачот и како да го одбере токму него се најчесто поставувани прашања, за кои одговорот лежи во комуникацијата на рафтот.
Колку е битно производот да биде виден?
Во пракса, секоја компанија има сериозна дилема околу правилната распределба на маркетинг-буџетот со цел да се постигне очекуваното или, пак, повеќе од очекуваното. За да навлеземе подлабоко во оваа одлука го земам за пример маркетот како сè уште единствено место за секојдневно пазарење. Сведоци сме дека денес премногу производи се изложени на еден рафт во супермаркет. Да се прашаме дали сите тие производи ќе ги видиме при пазарење?
Во просек, две-третини од производите во супермаркетот остануваат невидени. Затоа, најдобриот начин за да биде еден производ продаван е да биде виден, а невиденото едноставно останува непродадено. Во овој контекст една професор по маркетинг дава кратка, но мудра изрека: „Ако не си Coca-Cola, тогаш мораш да направиш да бидеш виден на рафт".
Секој производ во маркетот добива своја позиција на рафтот. Од најразлични причини производот може да се најде најдолу или најгоре на рафтот со што неговото место се третира како неатрактивно. Во принцип, тоа е вистина, но денес се применуваат голем број решенија или додатоци за рафт со кои производите стануваат впечатливи. Целта на производителот не е секогаш неговиот производ да биде само виден, туку некогаш целта е да се истакне одредена информација за производот од типот: нов производ, намалување, подарок, квалитет, наградна игра и слично.
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 3
Се вчитува следна вест...