Трговците на мало треба да размислат како ќе ги задоволат потребите на купувачите, кои имаат нов поглед на храната, работата и на секојдневниот живот
Приреди: Редакцијата на InStore
Живееме во возбудлив и донекаде конфузен момент: сите чекориме внимателно, на прсти, кон таканаречениот нормален живот по ненормалната година. Сите копнееме да гледаме напред, но не можеме да избегаме од промените што веќе се појавуваат, без разлика дали тоа е пофлексибилна политика на работа од дома или долготрајна загриженост за здравјето и благосостојбата.
Како треба трговците да ги изградат следните планови, кога со едната нога се во минатото, а со другата во неизвесната иднина? Во продолжение се пет совети што би требало трговците да ги прифатат во нивните понатамошни стратегии.
Сите чекориме внимателно, на прсти, кон таканаречениот нормален живот по ненормалната година. Сите копнееме да гледаме напред, но не можеме да избегаме од промените што веќе се појавуваат.
Преземањата од рабникот (curbside pickup – купувачите нарачуваат онлајн, а нарачката ја земаат од одредено место во близина на локалната продавница), мобилните апликации и е-трговијата им помагаат на купувачите да ги надминат грижите за купување во продавниците и им дозволуваат безбедно да ги набават производите што им се потребни. Сега, кога веќе купувачите ја доживеаја таа погодност, тие ќе очекуваат овие практики да се развиваат и понатаму. За вработен родител, кој треба од канцеларија да оди да го земе детето од училиште, а потоа да се врати дома и да подготви вечера, нарачките преку интернет и нивното преземање од рабникот се голема заштеда на време.
Купувачите и понатаму сакаат да ги консумираат производите што се добри за нивното здравје и благосостојба. Природните производи станаа главна кујна за многу купувачи, што веројатно се должи на фактот што здравјето за време на пандемијата стана најголем приоритет за секого. Во април 2020 година природните производи забележаа пораст на вредносната продажба за 19,2% на годишно ниво, според податоците на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Во мај порастот скокна на 27,2%. И покрај трупањето резерви за време на карантинот, побарувачката на природни производи продолжи да ја надминува продажбата на конвенционалните. До јануари годинава вредносната продажба на природни производи се зголеми за 15,7% во споредба со порастот на конвенционалните производи, кој изнесуваше 13,5%.
Во периодот на пандемијата, разбирливо е што купувачите ги проретчија посетите на продавниците и го минимизираа времето поминато во затворени простории со други луѓе. Оттука се појави и можноста за ризик помалите продажни места да заостанат.
Сепак, тоа што е многу важно е што врската меѓу купувачите и регионалните и независни трговци на мало не се наруши во текот на целата блокада. Можеби здравјето како врвен приоритет и удобноста во продавниците кои отсекогаш ги исполнувале потребите на купувачите ја разгореа нивната лојалност.
Денес за одржливоста се зборува во секој разговор за благосостојбата на животните, за пакувањата на производите и за земјоделското производство. И покрај бројните други приоритети на кои треба да се фокусираат, купувачите избираат производи што се позиционирани како одржливи. Продажбата на производите што водат грижа за благосостојбата на животните се зголеми за 21,9%, на производите на билна база за 15,3%, а артиклите што се водат според принципите на фер трговијата забележаа пораст за 13,7%. Производителите со зголемена страст го ставаат во центарот на вниманието начинот на кој се грижат за животната средина, грижата за вработените и за животните, а трката за освојување на срцата на купувачите допрва ќе се вжештува.
На почетокот од карантинот паничното купување ги натера купувачите да собираат сè што можат да соберат во нивните кошници. Меѓутоа, во месеците подоцна тие посетуваа помал број продавници и имаа помала потреба од импулсивно купување грицки и пијалаци за носење. Сепак, тоа ќе се промени. Дури и ако канцелариските работници не се вратат на регуларната петдневна работа од канцеларија, голем број од активностите ќе продолжат, а секојдневниот живот ќе стане побурен. Исто како што и купувањето преку интернет носи практичност, така и трендот за овие производи што се консумираат во движење сигурно ќе се врати.
Во поголемиот број од случаите, ковид-19 влијаеше врз забрзувањето на навиките на купувачите, кои веќе беа формирани. Како можат трговците да бидат во чекор со новите промени?
Како треба да реагираат трговците на купувачите по карантинот?
Многу е тешко последната година да се анализира од дистанца. Како глобален настан, пандемијата беше едно големо искуство, за кое се надеваме дека никогаш повеќе нема да се повтори. Како влијание, таа го промени целокупниот начин на живот – од некои аспекти привремено, но од други и трајно. Дури и кога почнува да избледува, нејзините ефекти ќе се чувствуваат уште долго. Во поголемиот број од случаите ковид-19 влијаеше врз забрзувањето на навиките на купувачите, кои веќе беа формирани. Како можат трговците да бидат во чекор со новите промени?
Трговците на мало треба да размислат како ќе ги задоволат потребите на купувачите, кои имаат нов поглед на храната, работата и на секојдневниот живот, наместо да се обидуваат да се вратат на состојбата пред 2020 година. Можеби ќе се чувствуваат малку неизвесно во моментов, но ова е шанса да ги зајакнат односите со купувачите и да се етаблираат како трговци на мало кои знаат што бараат потрошувачите во нивните нови рутини.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.