Актуелно

Саемот на ПЛМА ќе се одржи онлајн

04 окт 2020

Саемот „World of Private Label“ (Светот на приватните трговски марки), во организација на ПЛМА, кој првично беше закажан за 26 и 27 мај годинава и одложен за 2 и 3 декември, ќе се одржи онлајн од 1 до 4 декември.

Категориите производи на онлајн-саемот ќе бидат распределени според денови. За да биде ефективно претставувањето за изложувачите и за купувачите, секоја категорија ќе биде отворена по два дена. Категориите што ќе бидат онлајн-презентирани ќе вклучуваат: свежа и смрзната храна, суви прехранбени производи и пијалаци, како и непрехранбени производи – козметика, производи за здравје и убавина, за одржување на домот, за нега и одржување на автомобили, за градината и домаќинството и DIY-производи (Do it yourself, направи сам). Благодарение на облак-технологијата, саемот ќе биде достапен од секое место на светот.

Во последните 35 години саемот прерасна во водечки настан во индустријата. Го разбираме разочарувањето што нашите членови и другите учесници го почувствуваа по откажувањето на трговското шоу во Амстердам, но убедени сме дека онлајн-настанот ќе ѝ обезбеди на светската индустрија за приватни трговски марки вредни решенија за продажба и маркетинг, во момент кога тие се најпотребни, изјави Пеги Дејвис, претседателка на ПЛМА.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Подравка“ ги награди вработените за успешни резултати

21 окт 2020

Висар Јакупи, „Киппер“: Вработените се вистинските херои на успешната приказна

21 окт 2020

Јелена Кнежевиќ-Влаховиќ: Како се победува?

21 окт 2020

Бесплатен панел на „жешка“ тема – SCM по Ковид-19

21 окт 2020

Нови 100 брендови во новиот 100 MUST HAVE 2020/2021

21 окт 2020

Се изготвува закон за неработна недела - како ќе се одрази врз трговците?

21 окт 2020
Вчитува уште новости...