Актуелно

Ристе Ристевски: Поддршка на македонските производи

08 авг 2020

Пишува: Ристе Ристевски, извршен директор, „Лион“ – Свети Николе

Изминативе месеци се соочуваме со ситуација која е нова, неочекувана, а со големо влијание и врз секојдневниот живот и врз нормалното функционирање на компаниите.

Уште на почетокот приоритет ни беа здравјето и безбедноста на нашите вработени и нивните семејства. Презедовме засилени мерки за безбедност на вработените и процесот на производство и продолживме со работа.

Понекогаш сме принудени да донесуваме и тешки одлуки. Токму од таа причина сакам да искажам голема благодарност до сите вработени и нивните семејства за разбирањето што го покажаа досега. И покрај сите пречки и предизвици, тие покажаа огромна решителност и посветеност. Исто така, благодарност и за тоа што нашите луѓе докажаа дека можеме да се потпреме еден на друг во овие тешки времиња, што претставува исклучително силна страна на нашата организација. Навистина сум горд што водам еден ваков тим.

Досега, иако со многу дополнителни напори, работевме според планот и успеавме да ја задоволиме побарувачката на пазарот без поголеми проблеми. Ја потврдивме есенцијалната улога што ја имаме во маркетите со кои соработуваме. Го направивме нашето портфолио достапно за сите сегменти во продажбата, отстранувајќи ги грижите на јавноста. Ова е нешто на што сме навистина горди.

Во време на здравствена и економска криза потребно е да се стимулира потрошувачката на производи произведени во Македонија со цел да се поттикне македонската економија.

Сите се уверивме колку се значајни домашните македонски производствени компании кога се соочивме со недостиг на производи од увоз поради забрана на некои држави, како и проблемите за нивна дистрибуција.

Во време на здравствена и економска криза потребно е да се стимулира потрошувачката на производи произведени во Македонија со цел да се поттикнат македонската економија и фирмите што вработуваат македонски граѓани и ѝ плаќаат данок на државата.

Среќен сум што сè повеќе се препознава квалитетот на домашните производители за разлика од претходно кога нашите производи, иако барани од потрошувачите во светот, беа втора опција на домашните потрошувачи.

Сакам да им препорачам на сите компании од FMCG-секторот да дадат поголема поддршка, а на потрошувачите да дадат шанса да бидат позитивно изненадени од високиот квалитет на домашните производи.

Прехранбената индустрија во последните години навистина се менува многу брзо. Тоа е под диктирано влијание од глобалните трендови, но и од навиките на потрошувачите, кои нашата компанија ги доближува до секој љубител на слатко задоволство преку производите под брендот Leona.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Близу 150 милиони евра завршиле кај бизнисите од трите пакети економски мерки

27 авг 2020

Од јануари нови 100 милиони евра поволни кредити за компаниите

27 авг 2020

Викенд без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

27 авг 2020

Горан Теменугов: Стечај или можност за подобра практика

27 авг 2020

Лозарството и винарството-пред спас или пред пропаст?

27 авг 2020

Јована Младеновиќ: Комуникацијата гради доверба

27 авг 2020
Вчитува уште новости...