Актуелно

Тетовка доби „пежо 208“ во наградната игра на „Веро“

04 авг 2020

Пред посетителите на „Веро“ центар беа извлечени добитниците на двете главни награди во големата наградна игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“. Од големиот куп пристигнати купони беа извлечени имињата на двајцата најсреќни добитници на автомобил пежо 208 и скутер хамачи ил бело.

Автомобилот пежо 208 заврши кај Ана Наумовска од Тетово, додека добитник на скутерот хамачи ил бело е Лазиме Терзија од Тетово. На главното извлекување му претходеше последното коло од извлекувањата за неделните награди, во кои „Веро“ во изминатите неколку недели додели вкупно 6 тротинети, 12 велосипеди, 30 рачни часовници касио, како и по 30 ваучери од по 1.000 и 2.000 денари.

Задоволството е огромно кога на потрошувачите им приредуваме огромна радост доделувајќи им вредни награди. Во изминатите недели пристигнаа огромен број купони што ни докажа дека имаме навистина лојални потрошувачи кои му веруваат на „Веро“. Тоа нѐ прави многу горди и ни дава поттик да продолжиме да им го нудиме најдоброто. Им честитаме на сите добитници на награди во оваа наградна игра, а тие што овојпат немаа толку среќа во следниот период ќе продолжиме да ги изненадуваме со нови наградни игри, како и со привлечни акции и понуди – велат од менаџментот на „Веро“.

Наградната игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“ траеше од 15 јуни до 31 јули и во неа учествуваа сите потрошувачи кои во „Веро“ маркетите направиле сметка повисока од 300 денари за селектирани производи кои беа посебно обележани на рафтовите. Имињата на добитниците на двете главни награди, како и на неделните награди, јавно беа објавени на извлекувањето во „Веро центар“, а објавени се и на Фејсбук страницата Веро маркети.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...