Европскиот парламент го усвои Пакетот за мобилност, со кој се менуваат правилата на ЕУ за упатување на возачите на работа, нивното работно време, тахографите, пристапот кон професијата и пристапот кон меѓународниот пазар за транспорт.
Изгласувањето доаѓа по три години преговори поради несогласувања меѓу државите за содржината на Пакетот. За превозниците од средна и источна Европа, ова значи поголеми административни тешкотии во организацијата и управувањето со работата. Девет држави во заедничко писмо истакнаа дека одредбите од Пакетот за мобилност се подготвени „во целосно поинаква стварност и не одговараат на моменталната ситуација“. Полска, Бугарија, Кипар, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Малта и Романија истакнаа дека прописите се „рестриктивни, дискриминаторски и протекционистички“. Од друга страна, германските и француските превозници, како превозниците од земјите од Бенелукс, оценија дека новите правила ќе обезбедат подобри услови за конкуренцијата, услови за борба против илегалната пракса и подобри услови за работа за возачите.
Што се менува?
-Превозниците ќе мора да ја организираат работата така што оние кои превезуваат во меѓународен патен сообраќај ќе мораат да се враќаат дома во редовни интервали, на секои три или четири недели. Полн неделен одмор не може да се користи во кабината на камионот.
-Тахографите вградени во возилото ќе бидат користени за евидентирање на преминувањата преку граници. За да се спречи системска каботажа, возилото ќе мора да одмара четири дена пред во истата земја да направи повеќе каботажи.
-Превозниците ќе мораат да бидат во состојба да докажат дека во значителен обем се активни во државата членка во која се регистрирани. Камионите ќе мораат да се враќаат во оперативниот центар на секои осум недели.
-Користењето на лесните комерцијални возила со најголема дозволена маса од 2,5 тони исто така ќе бидат опфатени со правилата на ЕУ за лиценцирање, вклучително и вградување тахографи.
Усвоените правила ќе стапат на сила во следните недели, откако ќе бидат објавени во „Службен весник“ на Европската унија.
U slučaju obavljanja kabotaže i međunarodnog transporta, isključujući tranzit, bilateralu i bilateralu sa dva dodatna utovara ili istovara,
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.