Актуелно

Лагард гледа црни прогнози: „Се плашам дека ништо не е готово-подготвувајте се за втор бран“

26 јун 2020

Еврозоната „веројатно го помина“ најлошиот дел од економската криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард повикувајќи ги притоа властите да се подготват за втор бран.

Веројатно ја поминавме најниската точка, и тоа го кажувам со доза на страв бидејќи би можело да дојде до сериозен втор бран, истакна Лагард на онлајн конференција, пренесува „Ројтерс“.

ЕЦБ денеска објави извештај според кој кредитирањето на компаниитеод еврозоната продолжува да расте во мај, бидејќи компаниите засилено се потпираат на банкарските заеми за ликвидност, премостувајќи го проблемот предизвикан од пандемијата за повторно покренување на работниот процес.

Кредитирањето нефинансиски корпорации пораснало во мај за 7,3 отсто во однос на растот од 6,6 проценти забележан претходниот месец, што пак е највисока стапка од почетокот на 2009 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Прв пораст на цените на храната годинава

19 јун 2020

Горан Теменугов: Многу не лажеле

19 јун 2020

Петар Денковски: Деталите ја прават разликата

19 јун 2020

„Кока кола“ го стопира рекламирањето на социјалните мрежи за 30 дена

19 јун 2020

Очекувајте го најновиот број на InStore

19 јун 2020

Прво специјално издание „Мапа на трговци“

19 јун 2020
Вчитува уште новости...