Економијата на еврозоната најверојатно нема да се врати на периодот пред почетокот на пандемијата до следната година, а опоравувањето би можело да трае и подолго, оценуваглавниот економист на Европската централна банка(ЕЦБ), Филип Лан.
Во секој случај, гледано од денешна перспектива, се чини дека економската активност нема да се врати на предкризниот период пред 2021 година, а опоравувањето би можело да потрае и подолг временски период, изјави тој.
ЕЦБ континуирано ја следи ситуацијата и подготвена е доколку има потреба да ги прилагоди сите инструменти, вклучувајќи ја и програмата за итна помош во време на пандемија.
Доколку воочиме дека договорите за финансирање се премногу строги или доколку притисокот на одделни пазари на обврзници не ги одржуваат економските показатели, би можеле да се прилагодиме во однос на вредноста но и роковите за откуп, кои можеме флексибилно да ги распоредиме временски но и на трговски сегменти, вели претставникот од ЕЦБ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.